Кошаркарот на Работнички, Маркус Гинјард ја продолжува својата хуманитарна приказна

Вредностите што на Маркус Гинјард му ја донесоа титулата со КК Работнички деновиве се пренесува и на младите во САД. Кошаркарскиот камп на Маркус Гинјард е приказна која започна во Америка, се слеа во Македонија, и сега повторно продолжува во Александрија и Чапел хил.

На Маркус како играч најзначајни му беа трудот, пожртвуваноста и тимската игра, и овој пат со македонско злато, по 7-ми пат ги подучува децата во Северна Вирџинија за овие и за многу други значајни човекови вредности. Овие активности на Гинјард беа и во Скопје и за време на неговиот престој во Македонија тој организираше неколку настани каде што се дружеше и им даваше совети на младите од КК Работнички, донираше подароци и опрема за децата од детските домови, поддржа младински кошаркарски турнир, и друго.

Приказната и неговите убедувања се раширија на два континента затоа што Маркус знае дека тоа што децата можат да го научат од кошарката, можат да го искористат подоцна во животот за да постигнат сѐ што сакаат. Затоа Маркус Гинјард го организираше 7-от по ред кошаркарски камп каде ги повтори своите верувања, и се повика на победничките лекции од Македонија. Во склоп на кампот беше организиран и мал турнир на кој најдобрите добија медали и пехари. Тој имаше за цел да им овозможи уште забава на децата додека се подобруваат во нивните способности.

 

Како дел од кошаркарскиот камп на Маркус Гинјард по втор пат се организираше и Чапел хил денот во Северна Каролина. Преку кошарката младите се поврзаа со лидерите на нивната заедница, се запознаа со полицијците и пожарникарите од Карборо, шерифот на Оринџ Каунти, и други, играа кошарка, игри, се натпреваруваа и учеа за самите нив, нивната заедница и за тоа како можат да ги остварат своите соништа.

Се вчитува...