Кошаркарска бомба: Тим од Дубаи ќе игра и АБА и Евролига, Пешиќ тренер, во проектот и Ѓоковиќ

Според пишувањата на шпанските медиуми, српскиот селектор Светислав Пешиќ би можел да го преземе кошаркарскиот тим на Дубаи, кој ќе се натпреварува во новата сезона на Евролигата, и ќе игра во АБА лигата.

Шпанскиот „Енкестандо“ пренесува дека српскиот стручњак е прв фаворит да седне на клупата на тимот од Дубаи, и дека се подготвуваат нови големи промени во најелитното кошаркарско натпреварување во Европа.

За Дубаи веќе некое време се зборува дека ќе влезе во Евролигата, а сега се појавија некои нови информации.

„Тимот од Париз и од Дубаи сакаат во Евролигата. Две информации се клучни, а тоа е постои предлог тимот од Дубаи да игра во АБА лигата и да стане дел од Евролигата, и со тоа да донесе пари, па така да игра во двете натпреварувања. Веќе ни е потврдено од повеќе извори дека Дубаи ќе го води Светислав Пешиќ, а исто така важен фактор во овој тим е Дејан Камењашевиќ, кој го познава Пешиќ од времето на Жирона. Тука е уште еден фактор, а тоа е братот на Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе, кој го „бутка“ тимот од Дубиа во Евролигата“, стои во текстот на шпанското издание.

Се вчитува...