Блокотехна во текот на летото остана без неколку клучни кошаркари, но амбициозниот проект од Гевгелија се уште останува кошмар за МЗТ Скопје. „Металците“ дојдоа во Гевгелија на крилјата на двете победи од АБА2, но набрзо се соочија со суровата реалност – дека ќе мора многу повеќе да се испотат за победи во домашното првенство, каде тренерот Кочов ќе треба да ја најде вистинската формула за комбинирање на странците.
На спротивната страна, Марјан Илиевски повторно се покажа во беспрекорно издание на тактички план, во Лефковски доби фанатичен дефанзивец, во Глигоријевиќ и Николиќ играчи кои максимално ја користат шансата, Литванецот Гаидис е одлично погодено засилување од странство, а ако на нив им се додадат од лани стандардните Мијатовиќ, Главчев и Младеновиќ, јасно е дека Блокотехна со ваква борбеност повторно ќе има што да каже на домашната кошаркарска сцена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА