Натпреварот меѓу Карпош соколи и Теодо се претвори во кошаркарска пародија откако македонскиот тим најпрвин неколку пати протестираше на судиските одлуки, за потоа да се повлече од теренот и службено да ја загуби оваа средба.
„Соколите“ уште од самиот почеток реагираа на чудниот критериум на арбитрите од Бугарија, а како што минуваше времето, така растеше и нервозата во редовите на стручниот штаб и кошаркари на освојувачот на Купот на Македонија. Клупата на Карпош соколи уште во првите неколку минути доби техничка грешка, а тензиите растеа како што минуваше времето.
Чашата од незадоволство се прели во 27. минута, кога при резултат 60-61 бугарските судии имаа уште една чудна одлука на штета на македонскиот тим, по што „соколите“ и дефинитивно решија дека не треба да продолжат да бидат актери на фарсата на теренот, па го повлекоа својот тим.
На официјалната веб-страница на БИБЛ мечот веќе е регистриран со службена победа на гостите од 0-20, а огромна е веројатноста е дека по овој скандалозен меч Карпош соколи повеќе нема да учествува во ова регионално натпреварување. Македонскиот прволигаш во неколку наврати се жалеше на очајната организација, дел од управата на клубот влезе и во отворен конфликт со челниците на лигата, па огромна е веројатноста дека во следните денови ќе следи и повлекување на „соколите“ ова БИБЛ-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА