Кошаркарската репрезентација на Македонија до 20 години ќе ги пречека соодветните репрезентации на Косово, Црна Гора и Русија на пријателски турнир во Скопје.
Младинците први ги започнаа подготовките, на 1. јуни, а по неколку одржани тренинзи и извршени лекарски прегледи заминаа за Маврово. Во Маврово одиграа пријателски натпревар против врсниците на Косово, а по неколку дена во Скопје одиграа двомеч со репрезентативците на Бугарија.
По завршувањето на турнирот, младинците ќе заминат за Унгарија на пријателски натпревари, а потоа ќе разигруваат и со Бугарија пред патувањето за Португалија каде ќе се одигра младинското европско првенство (дивизија Б).
Натпреварите од турнирот во Скопје ќе се одиграат во големата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“.
Распоред на натпревари:
21.06.2019
Македонија – Црна Гора (18:00)
Русија – Косово (20:15)
22.06.2019
Косово – Македонија (18:00)
Црна Гора – Русија (20:15)
23.06.2019
Македонија – Русија (18:00)
Црна Гора – Косово (20:15)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА