Кошаркарски виртуози: Лудо додавање на Дончиќ, уште поѕверска „банана“ на Чедли Осман (видео)

Турција и Словенија одиграа фантастичен натпревар како загревање за Евробаскет, во кој Словенците по продолжение од пет минути славеа со 104-103. Турција со поените на Коркмаз со звукот на сирената го одведоа мечот во продолжение, за ветеранот Горан Драгиќ да биде херојот на Словенија и да го донесе триумфот на актуелниот европски првак.

Најубавиот потег на мечот можеше да се проследи уште во првата четвртина, кога Лука Дончиќ упати неверојатно додавање преку цел терен до Тоби, но при обидот за забивање на „американскиот Словенец“ на патот му застана Чедли Осман, кој со неверојатна блокада го спушти на земја екс-кошаркарот на Валенсија.

Погледнете како изгледаше оваа атракција…

Се вчитува...