Кошаркарскиот куп на Македонија ќе го носи името „ Благоја Георгиевски Буштур“

Кошаркарската федерација на Македонија на седница на Управниот одбро донесе одлука Куп натпреварувањето да биде именувано по трагично загинатата легедна Благоја Георгиевски Буштур.

„Куп натпреварите кои се одржуваат секоја година и се дел од календарот на федерацијата, да се именува како “КУП Благоја Георгиевски – Буштур“ во чест на нашата легенда, кој прерано нè напушти, а притоа остави големо спортско наследство на сите понатамошни генерации“ – стои во соопштението од КФСМ.

Дополниетлно на седницата била донесена одлука целосниот износ од продажбата на билетите од натпреварот меѓу репрезентациите на Македонија и на Естонија да биде дониран во хуманитарни цели, а усвоена била и завршната сметка на Федерацијата за 2019 година.

 

Се вчитува...