Кадетската репрезентација на Македонија не успеа да се пласира во четвртфиналето од ЕП за кошаркари до 16 години што се одржува во Скопје откако вечерва во дуелот за второто место во групата загуби од Шпанија со убедливи 86-59. Слично како и на вчерашниот дуел со Грција, разликата во квалитет беше огромна, па македонските надежи немаа шанса да се борат за позитивен резултат против подобриот противник.
Шпанците демонстрираа моќ уште од првата минута, диктирајќи темпо што избраниците на Лечиќ – Апостолоски не можеа да го следат. Првата четвртина заврши со убедливи 27-11 за Шпанија, а „црвената фурија“ ни дозволи 11 поени и во втората четвртина, на пауза заминувајќи со убедливо водство од 48-22. Прашањето на победникот беше решено, па шпанските кошаркари рутински ја одржуваа предност до самиот крај, славејќи со конечни „плус 27 поени“.
Јаничиќ со 12 поени беше најефикасен во македонскиот табор, 11 постигна Стојковиќ, а 10 поени реализираше Кириловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА