Кошаркарското дерби не може без проблеми: „Сити парк бојс“ избркани од „Јане Сандански“ (ФОТО)

Ништо од посакуваното и најавуваваното враќање на сјајот на најголемото македонско кошаркарско дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички.

Серија проблеми поради навивачкото однесување на трибините во „Јане Сандански“ уште во првото полувреме.

Па дербито, на три минути пред крајот на првиот дел беше во 15 минутен прекин, поради пиротехничките средства кои на терен беа фрлени од навивачката група на Работнички, „Сити Парк Бојс“. Судиите најпрво ги испратија кошаркарите на двата тима во соблекувалните, а потоа побараа празнење на трибината на која беа гостинските навивачи.

Откако „Сити Парк Бојс“ беа избркани од салата, натпреварот продолжи. На полувремето Работнички има предност од 42-44.

 

Се вчитува...