Кошаркарското Ел-класико за Реал Мадрид

Реал Мадрид во драматичен меч го доби дербито на Евролигата, победувајќи ја Барселона со 96-91. Победата „кралевите“ ја обезбедија во последните моменти од натпреварот кога се одлепи, правејќи разлика која беше недостижна за „Каталонците“.

Првиот дел не ветуваше дека Реал Мадрид ќе дојде до победата. Меѓутоа пресвртот тимот од Мадрид го направи во третата четвртина. Иако во еден момент имаше предност од 11 разлика, сепак, во последниот одлучувачки период влезе само со три коша предност.

Во последната четвртина Барселона успеа да дојде и до „егал“ 86-86, но не успеа да го стигне водството на Реал. После израмнувањето, домашните направија разлика до седум поени, и од ова одлепување Барса не се врати.

Хезоња и Кампацо беа најефикасни кај Реал со 19, односно 18 поени, додека Пара кај Барселона со 20 беше најефикасен и на мечот, но ја немаше поддршката од другите играчи.

Претходно Милано го совлада Монако со 86-70, додека Париз беше подобар од Баерн со 93-88.

Се вчитува...