Кошаркарското „Ел-класико“ за Реал Мадрид

Кошаркарите на Реал Мадрид успеаја да триумфираат на гостувањето кај големиот ривал Барселона со 89-91, и така да се зацврстат на првото место на табелата во АЦБ Лигата во Шпанија.

Натпреварот имаше драматична завршница, а Реал Мадрид благодарние на тројките на Муса и на Љуљ во последните мигови, успеа да дојде до предност, која Барса не успеа да ја стигне. Во самиот финиш Барселона имаше шут и за победа, но Пантер не реализираше обид за три.

Љуљ беше најефикасен кај победникиот тим со 19 поени, додека со ист број поени кај домашната екипа беше Пантер.

Се вчитува...