Во кошарката секогаш е многу важно со каква топка се играат натпреварите. Така сега во овој спорт се подготвува една од најголемите промени од почетокот на овој магичен спорт. Новите безвоздушни топки наскоро треба да ја видат светлината на денот.
Компанијата „Вилсон“ е подготвена да направи вистинска револуција во овој спорт со топки кои немаат воздух во себе и кои не испуштаат звук при контакт со подот.
Оваа топка освен тоа што нема звук кога отскокнува од земја, сè друго е горе-долу исто. Нема сомнеж дека ова ќе ја промени кошарката. Инаку, овие топчиња се веќе во продажба и нивната цена е 2.500 долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

