Лос Анџелес Лејкерс синоќа го одигра првиот натпревар по трагичната смрт на Коби Брајант, во „Стејплс центар“ пречекувајќи го тимот на Портланд. Во првиот ред останаа две празни места, вообичаено резервирани за Брајант и неговата ќерќа Џиџи, која исто така се наоѓаше на кобниот лет.
Сосема очекувано, кошарката не беше на прво место, „езерџиите“ на загревањето и на официјалната најава се појавија со опрема на клупската легенда, а пред мечот Леброн Џејмс одржа и краток говор. Атмосферата беше траорна, се лееја солзи на трибините, но и на теренот.
Она што беше најмалку важно, Портланд славеше над ЛА Лејкерс со 119-127. Лилард беше најефикасен на натпреварот со 48 поени, додека прв стрелец на лејкерс беше Дејвис со 37 поени и 15 скокови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

