Кошарката пак заглави со котизациите: Шкупи и Водњански Лисици ’висат’ за Првата лига

Најсилната домашна кошаркарска конуренција би можела да биде пократка за два клуба во претстојната сезона. Шкупи и Водњански Лисици до последниот рок не ја платиле котизацијата од 10.000 евра за учество во највисокиот натпреварувачки ранг. Рокот за уплата беше до 1 септември.

Од кошаркарската федерација на Македонија оставаат простор до денеска попладне со оглед дека теоретски е можно некој од должниците во последен час да ја подмирил обврската, па реализацијата на уплатата да го минува банкарскиот систем.

Во случај да нема уплати многу е извесно, лигата чиј старт е предиден за 6.октомври да биде со десет екипи затоа што од МКФ се децидни дека пролонгирање на роковите нема да има.

Во текот на денот, од МКФ треба да биде објавена конечната листа на клубови кои ги исполниле обврските, како и конечниот став околу изгледот на прволигашката конкуренција.

Се вчитува...