МЗТ Скопје по четири години пауза повторно ќе биде дел од кошаркарската елита во регионот, покажувајќи „светло на крајот на тунелот“ за мак-кошарката која тоне со години наназад, како на клупски, така и на репрезентативен план.
„Металците“ покажаа дека сезонава за разлика од пред неколку години се подготвени за предизвикот, одговорија на вистински начин на притисокот со кој се соочија и стигнаа до голем успех. Салата што во изминатите години ја полнеа само ракометарите на Вардар, овојпат почувствува и „кошаркарска фешта“ на трибините, со добро познатите навивачки песни кои ечеа и во легендарната „лименка“ во Аеродром.
Успехот на МЗТ нека биде потстрек и за сите останати, за кошарката да тргне напред, како што заслужува…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА