Проблемите на кошаркарската федерација на Босна и Херцеговина го доживеаја зенитот откако сметката на федерација беше блокирана поради неисплатени долговои кон хотел во околината на Сараево во износ од 170 илјади евра.
Поради тоа засега е доведено под знак прашање одигрувањето на следниот натпреварот против Хрватска во квалификациите за Европското првенство, но и иднината на кошарката во оваа поранешна југословенска држава.
„Може да се случи да мораме да го предадеме натпреварот и Хрватска да се пласира на Европското првенство. Апелираме на сите да ни помогнат да ја надминеме оваа криза. Дојдовме до ситуација да не можеме да ја надминеме следната препрека. Станува збор за голем износ и оваа ситуација не можеме да ја решиме. Потребна ни е итна помош“, изјави селкретарот на Кошаркарскта федерација на БиХ, Џевад Алихоџиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

