Кошаркрите и НБА постигнаа нов колективен договор

НБА лигата и професионалните играчи објавија дека потпишале нов колективен договор со важност до сезоната 2029/2030, а кој ќе стапи во сила од летниот преоден рок.

Седумгодишниот договор стапува на сила во сабота, ден по отворањето на летниот преоден рок. Секоја страна, сепак, може да го раскине договорот една година пред истекот, но мора да се изјасни најдоцна до 15. октомври 2028 година.

Новиот договор конкретно предвидува казни за франшизите кои не го почитуваат селари капот, како и создавање турнири во текот на сезоната, слични на куповите во фудбалот.

Ќе се олеснат ограничувањата за употреба на марихуана, која е легална во неколку американски држави. Во текстот се наведени и правилата кои играчите мора да ги почитуваат доколку сакаат да инвестираат во компанија која продава канабис или организира спортско обложување.

Се вчитува...