Дефанзивецот на Арсенал, Лорен Кошиелни, заработи сериозна повреда на Ахиловата тетива која ќе го оддалечи од фудбалските терени во наредните шест месеци. На вечерашниот реванш полуфинален меч од Лигата на Европа против Атлетико Мадрид, Французинот беше изнесен на носилки во 12.минута, а на негово место во игра влезе Калум Чемберс.
Тој ќе го пропушти мундијалот во Русија, а нема да биде подготвен ниту за стартот на новата сезона во дресот на Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА