Кошмарна вест пристигнува од ракометен Берлин, откако германскиот репрезентативец Пол Друкс е принуден предвреме да објави крај на кариерата.
Големиот ас ги мина последните 13 години во дресот на Берлин освојувајќи неколку трофеи со овој тим, пивотот се повреди пред десетина дена, а деталните прегледи донесоа катастрофална вест – не само што 29-годишниот Друкс мора да оди на операција на коленото, туку нема никакви шанси повторно да се занимава со професионален спорт.
„Резултатите од деталните прегледи се катастрофални, ќе ми треба време да го проголтам сето ова. Во секој случа, благодарен сум за сето она што го доживеав како професионален ракометар. Најпрвин следи операција, па рехабилитација, по што мирно со своето семејство ќе размислам за следните чекори во животот“, изјави Друкс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА