Кошмар и за вториот српски тим: Армани ја урна Црвена Звезда во Белград

По Партизан, и вториот српски претставник во Евролигата екипата на Црвена Звезда е поразена во првото коло од најелитното европско клупско натпреварување. 

Италијанскиот тим на крајот славеше во Белградска арена со 92-82, и со тоа кошаркарите на Армани му подарија на својот тренер Еторе Месина победа за својот роденден.

Впечатокот е дека индивидуалниот квалитет на Армани на крајот преовлада на страната на гостите, како и фактот дека Звезда играше без голем број играчи, вклучувајќи го и Риверо кој пропушти три четвртини поради повреда. Марко Гудуриќ ги постигна клучните тројки во натпреварот на крајот од третата и почетокот на четвртата четвртина, по што Звезда не можеше да се врати. 

Зек Ледеј со 21 поен ги предводеше Армани до победата.

Се вчитува...