Дебито на Чиро Имобиле во дресот на Болоња се претвори во вистински кошмар, „болоњезите“ претрпеа пораз во првото коло, а искусниот голгетер притоа се здоби и со незгодна повреда.
Имобиле мораше предвреме да биде заменет, а деталните прегледи утврдиле две повреди на различни мускули на десната нога. Како што известија од лекарскиот тим на Болоња, паузата на екс-капитенот на Лацио ќе изнесува најмалку двa месеца, а неговиот камбек на терените се очекува на почетокот од ноември.
Дефанзивецот Касале исто така мораше да биде заменет против Рома, па екс-фудбалерот на Лацио сега го очекува пауза од најмалку еден месец од фудбалските терени.
Тој се приклучи на долгата листа на повредени играчи на Болоња на која покрај Имобиле се уште и Холм, Фергусон, Бернардески…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

