Само петнаесетина минути од вечерашното гостување во Барселона против Еспањол беше сосема доволно за Карло Анчелоти да добие нова сериозна главоболка – по уште една повреда на клучен фудбалер на Реал Мадрид.
Стратегот на „кралевите“ се мачи со крпена одбрана во ситуација кога подолго време повредени се Алаба и Милитао, а сега остана и без помошта на Антонио Ридигер. Германецот го стартуваше мечот крај Чуамени во последната дефанзивна линија, но италијанскиот стратег беше принуден на нов експеримент откако Ридигер се пожали на повреда на мускулот и самиот побара да биде заменет.
Проблемите се уште поголеми ако се знае дека Реал го очекува пеколен распоред во наредниот период, следниот викенд „кралевите“ ќе го играат големото градско дерби со Атлетико, а веднаш потоа ќе следи и првиот меч од 1/16 финалето од ЛШ против Манчестер Сити предводен од Ерлинг Халанд во нападот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА