Реал Мадрид славеше со рутински 2-0 на домашен терен против Вилјареал, но триумфот остана во сенка на тешката повреда на Дани Карвахал.
Десниот бек со години наназад е стандарден првотимец кај Карло Анчелоти, па разбирлива е загриженоста кај италијанскиот стратег откако искусниот дефанзивец остана да лежи на теренот. Тој веднаш по мечот беше пренесен во клиника, каде беа потврдени црните прогнози – станува збор за кинење на лигаментите во коленото поради што ќе следи пауза од најмалку шест месеци од фудбалските терени.
Карвахал со полноќна објава на својот инстаграм профил само ја потврди лошата вест, а останува да се види дали одличниот одбранбен фудбалер повторно ќе заигра фудбал сезонава.
Поради повреда синоќешниот натпревар предвреме го заврши и Винисиус, а денешните лекарски прегледи ќе покажат дали Бразилецот ќе мора да паузира и да ги пропушти наредните средби на „кариоките“ во октомвриските квалификации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА