Кошмар за Баерн: Де Лихт го повреди коленото

Баерн Минхен беше шокиран од Сарбрикен, откако баварскиот гигант доживеа елиминација од Купот на Германија од третолигашката екипа. Згора на тоа, Томас Тухел остана без помошта на Матијс де Лихт, откако холандскиот ас го повреди коленото на стартот од натпреварот и мораше експресно да биде заменет.

Првичните информации говорат дека станува збор за проблем со медијалните лигаменти во коленото, а тренерот Тухел по мечот изјави дека ги очекува резултатите од лекарските прегледи кои ќе бидат извршени денеска во Минхен.

„Се надеваме на добри вести. Матијс немаше болка по натпреварот, делуваше ОК. Знам дека дека овие повреди можат да бидат многу болни, па затоа се надевам дека овојпат нема да биде случај повредата да е премногу сериозна. Ќе видиме што ќе кажат лекарите“, изјави Тухел.

Она што е сигурно, Де Лихт ќе го пропушти саботното дерби во Дортмунд против Борусија, меч за кој Тухел нема да може да смета ниту на Упамекано, како и на капитенот Кимих.

Се вчитува...