Баерн Минхен е во трка за двојната круна сезонава. Се бори за титула во Бундеслигата, а во Лигата на шампионите треба да игра против Интер во 1/4 финалето. За потсетување дека ако се пласираат во финале, ќе бидат „домаќини“, затоа што финалниот меч се игра на „Алијанц Арена“.
Меѓутоа на патот кон двојната круна, Баерн доживеа голем кошмар. Канадскиот репрезентативец и еден од клучните играчи на „Баварците“ Алфонсо Дејвис, ќе мора да паузира до крајот на сезоната, откако ги скина лигамнетите.
И не само тоа, Дејвис ќе го пропушти и првиот дел од сезоната, а неговото враќање е предвидено некаде кон крајот на октомври. Ова е тежок удар за тимот на Компани, кој останува без еден од важните играчи, кој неодамна го продолжи договорот, и покрај тоа што се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА