Кошмар за Барселона: Олмо паузира три недели

На вчерашниот заостанат меч против Осасуна, Барселона остана без услугите на Дани Олмо. Откако постигна гол од пенал, шпанскиот репрезентативец мораше да го напушти теренот поради повреда.

Лекарските прегледи покажаа дека играчот од средниот ред ќе мора да паузира во следните две недели, што е хорор вест за тренерот Ханси Флик во овој згуснат распоред на тимот.

Тоа значи дека Олмо ќе го нема на мечевите со Жирона, потоа со Атлетико Мадрид во Купот, со Бетис, а нема да игра ниту на натпреварите против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.

Се вчитува...