Кошмар за Болоња: Се повреди и Вил Клајбурн

Душко Ивановиќ уште од самото доаѓање на чело на Виртус Болоња не може да смета на комплетниот тим, Шенгелија веќе извесно време е надвор од стројот, а дополнителна главоболка на овој стручњак му претставува сериозната повреда на Вил Клајбурн.

Крилниот кошаркар целосно ја презеде одговорноста во нападот во последниот месец, но на последниот меч од италијанското првенство заработи повреда на стапалото. Деталните прегледи утврдија дека проблемот е сериозен, па прогнозите велат дека Клабурн ќе мора да отсуствува најјмалку два месеца од терените.

Останува да се види дали Виртус ќе се активира на пазарот и ќе доведе ново засилување, но јасно е дека тешко ќе биде да се најде слободен играч кој би можел да ја преземе одговорноста што оди со улогата на Клајбурн во италијанскиот вицепрвак.

Се вчитува...