Чави се соочува со огромни проблеми околу составот на Барселона откако „болницата“ на каталонскиот гигант се полни се повеќе секој нареден ден.
Последниот член на каталонците кој заработи повреда е левиот бек Балди, кој се пожали на болка во мускулот и ги напушти подготовките на шпанската репрезентација. Балде го очекува пауза од дваесетина дена, со што тој се приклучува на долгата листа на повредени играчи на кој се уште и Педри, Кунде, Левандовски, Јамал, Рафиња и Де Јонг.
Проблемите се уште поголеми ако се знае дека Барса ја очекува тежок распоред, во првиот дуел по репрезентативната пауза ќе го пречека Атлетик Билбао, по што ќе следи и големото дерби со Реал Мадрид закажано за 28 октомври. Сегашните прогнози велат дека Балде, Левандовски, Де Јонг и Кунде сигурно ќе го пропуштат првото овосезонско „Ел Класико“, а прашање е дали Рафиња, Јамал и Педри ќе излезат како победници од оваа трка со времето.
Барселона по девет одиграни кола се наоѓа на третото место со 21 освоен бод, три помалку од лидерот Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

