Пораз од Минесота, а згора на тоа и повреда. Лука Дончиќ имаше кошмарна божиќна вечер, откако го напушти прерано теренот на дуелот на неговиот Далас кој го загуби, а сега е познато колку ќе паузира.
Словенецот ќе биде надвор од терените еден месец, односно ќе се врати кон почетокот на февруари. Во тој период Далас ќе одигра 20 натпревари, и ова е сериозен хендикеп за Маверикс.
Ова значи дека Дончиќ ќе испадне од трката за МВП во НБА оваа сезона, барем кога е во прашање лигашкиот дел.
Дончиќ се повреди во навидум безопасна ситуација, при изградба на позиција за шут, но потоа со болна гримаса го напушти теренот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА