Џо Гомез е вториот фудбалер на Ливерпул, Окслејд-Чембрлен, кој поради повреда нема да може да настапи за Англија на претстојниот мундијал што ќе се одржи во Русија.
Дефанзивецот кој играше одлично цела сезона беше најавуван како стартер во таборот на „гордиот албион“, но хроничните проблеми со скочниот зглоб го натераа Гомез да замине на операција. Како што објавија од Ливерпул, хируршкиот зафат минал во најдобар ред, но сега на дефанзивецот му претстои пауза од најмалку два месеци.
Јасно е дека 20-годишниот Гомез ќе го пропушти и големото финале на ЛШ против Реал Мадрид, а во Ливерпул се надеваат дека тој ќе биде максимално подготвен за стартот на новата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА