Џордан Лојд од Ефес со тројка во последната секунда, го победи Баерн Минхен со 80-81 во драматична и неизвесна завршница. Иако германскиот тим имаше на полувремето +13, сепак, во вториот дел гостите успеаја да се вратат.
Имаа домашните предност од 80-78, а тогаш Пабло Ласо повика тајм-аут, следуваше воиграна акција на 17 секунди до крајот, по која Лојд погоди тројка, и ја замолкна салата во Минхен.
Ненад Димитријевиќ играше нешто повеќе од 16 минути, во кои постигна само два поени, и тоа од слободни фрлања во финишот од мечот.
Токму херојот Лојд беше најефикасен на мечот и постигна 20 поени.
Дубаи на неутрален терен во Сараево како домаќин ја совлада екипата на Басконија со 100-94, додека „осакатениот“ тим на Монако со девет кошаркари го совлада Олимпијакос на свој паркет со 81-80.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

