Македонската атлетичарка Дрита Ислами нема по добро да го памети учеството на Европското екипно првенство што се одржува во Полска, по повредата што ја заработи за време на својата трка.
Ислами беше дел од трката на 400 метри, но не успеа да стигне до целта останувајќи да лежи по повредата на мускулот.
„Не ја завршив трката поради повреда. Се мачев со повреда на мускулот во последните две седмици, денеска состојбата се влоши, почувствував силна болка за време на трчањето и паднав. Тажна сум, но се чувствувам добро и се надевам дека брзо ќе се рехабилитирам за повторно да можам да се натпреварувам. Ова е спорт, повредите се дел од него и те прават посилен“, објави Дрита Ислами на својот официјален инстаграм-профил.
Нов државен рекорд запиша Михаела Лазаровска во дисциплината скок со стап. Лазаровска, која е сопственик и на младинскиот рекорд, денеска во Полска прескокна 220 сантиметри што е нов национален рекорд.
Национален рекорд запиша и машката штафета 4х100 во состав Андреас Трајковски, Огнен Стефановски, Михаил Петров и Јован Стојоски. Тие истрчаа со време од 41.75 секунди, што е подобро од претходниот – 42.86 секунди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА