Турскиот фудбалер Арда Туран, имаше богата кариера која ја заврши во септември минатата година. Играше во Галатасрај, Атлетико Мадрид, Барселона, Башакшехир. Туран заработи милиони, а сега откри дека останал без богатството.
Тој кажа дека главниот виновник е Сесил Ерзан, директор на филијала на банка со седиште во Истанбул.
„Ми кажа кој и да вложи во овој фонд, ќе заработи. Вложив 13 милиони евра, сите пари кои ги заработив, и одеднаш тие се изгубија. Уништени се моите пари и трудот. Жал ми е, и целата моја заштеда е загубена“, вели Туран.
Шпанските медиуми пишуваат дека неговиот некогашен соиграч, уругвајскиот голман Фернандо Муслера исто така загубил пари, но далеку помалку од туран. Наводно Муслера загубил само 1,2 милиони евра на истата измама.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА