Франција со убедлива победа го стартуваше мундијалскиот настап, но селекторот Дидие Дешамп како да немаше доволно главоболки по повредите на клучни играчи во изминатите месеци, па мораше да остане без уште еден првотимец на дуелот со Австралија.
Лукас Хернандез настрада во акцијата при водечкиот гол на „кенгурите“, веднаш стана јасно дека проблемот е сериозен, а доцна синоќа стигна и потврда на информацијата за тешката повреда на дефанзивецот на Баерн Минхен.
„Лукас Хернандез ќе го пропушти остатокот од Светското Првенство поради кинење на лигаментите на коленото“, објавија од Француската Фудбалска Федерација.
Оваа повреда речиси сигурно ќе значи и крај на сезоната за Хернандез, што ќе биде сериозен проблем за Баерн Минхен во атакот на трофеи на баварскиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА