Кошмар за Гвардиола: Де Бруине се повреди на четири дена пред дербито со Арсенал

Манчестер Сити освои само еден бод на отворањето на новата сезона од Лигата на Шампионите, но многу проблем за Пеп Гвардиола од исходот на дуелот со Интер претставува повредата на Кевин де Бруине.

Белгиецот лани пропушти дури 43 натпревари поради повреда, па кога се фати за ногата по пропуштената шанса пред крајот на првото полувреме, на трибините на „Етихад“ завладеа тишина. Најпрвин му беше укажана лекарска помош, Де Бруине се обиде да продолжи, но сепак Гвардиола донесе одлука на паузата меѓу двете полувремиња да го повлече големиот ас од игра.

Проблем за Сити е што веќе викендов на програмата е големото дерби против вицешампионот Арсенал, а ако се знае дека Де Бруине во последните години никогаш не се враќаше експресно од повредите, шансите за негов настап против „топчиите“ се сведени на минимум. За денеска се закажани детални лекарски прегледи кои ќе покажат колку ќе изнесува паузата на одличниот плејмејкер, чие место во стартниот тим против Арсенал ќе му припадне на Илкај Гундоган.

Се вчитува...