Кошмар за Гвардиола: Халанд се повреди пред дербито со Ливерпул

Пеп Гвардиола се соочува со сериозен проблем пред дерби-дуелот Манчестер Сити – Ливерпул што е на програмата следниот викенд откако Ерлинг Халанд заработи незгодна повреда на вчерашниот дуел меѓу Норвешка и Фарските Острови.

Тој остана да лежи жалејќи се на повреда на скочниот зглоб и нешто подоцна беше заменет, а лекарот во норвешката репрезентација, Ола Санд, обелодени дека станува збор за повреда слична на онаа што Халанд ја имаше пред десетина дена, кога беше заменет на полувремето против Борнмут.

„Станува збор за повреда на скочниот зглоб, истиот оној што го имаше повредено неодамна во Премиер-лигата. Решивме да не ризикуваме, а прегледите ќе покажат дали и колку Халанд ќе мора да паузира“, изјави Санд веднаш по натпреварот.

Најдобриот норвешки фудбалер дефинитивно ќе го пропушти следниот репрезентативен дуел со Шкотска, но останува да се види дали тој ќе може да се врати на терените за дуелот со Ливерпул што е на програмата на 25 ноември, со почеток во 13.30 часот.

Се вчитува...