Јирген Клоп не можеше да крене глава од повреди на одбранбените фудбалери на Ливерпул минатата сезона, а трендот ќе продолжи и на самиот старт од новата Премиер-лига.
„Црвените“ денеска играат контролен меч против Атлетик Билбао, a Клоп уште во првото полувреме остана без левиот бек Енди Робертсон. Шкотскиот репрезентативец го повреди скочниот зглоб и мораше да биде заменет. На прв поглед повредата изгледа незгодно и речиси сигурно е дека дефанзивецот ќе го пропушти отворањето на новата сезона, дуелот со Норвич закажан за сабота.
Резервна варијанта на лев бек е Цимикас, кој минатото лето пристигна од Олимпијакос, но не доби премногу шанси за докажување поради повреди во текот на изминатата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА