Литванците прескапо ја платија последната победа над Финска во Тампере, откако во последната четвртина тешка повреда заработи главниот плејмејкер на оваа репрезентација, Рокас Јокубаитис.
Тој беше предводник на оваа репрезентација на дуелот со Финците, но остана да лежи на терен и веднаш стана јасно дека проблемот е сериозен. Деталните прегледи само ги потврдија стравувањата – станува збор за кинењње на лигаментите во коленото по што ќе следи пауза од околу шест месеци од терените.
„Благодарам на сите за поддршката. Ќе се вратам посилен“, напиша Јокубаитис на своите профили на социјалните мрежи.
Литванскиот плејмејкер летово го напушти Макаби и потпиша договор со Баерн Минхен, па баварскиот гигант сега ќе мора да се врати назад на пазарот и да доведе нов организатор на играта откако летово од овој тим си заминаа Нејпир, Едвардс и Вајлер Баб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

