Ливерпул успеа да ја прекине победничката серија на лидерот Арсенал, но ремито на „Емирати“ беше скапо платено поради тешката повреда што ја заработи Конор Брејди.
Десниот бек играше одлично во текот на сите 90 минути, но во судиското продолжение се повреди при обид да ја исфрли топката, заработувајќи повреда на зглобот на левата нога. Веднаш стана очигледно дека проблемот е сериозен, Бредли на носилки беше изнесен од теренот, а Арне Слот веднаш по мечот обелодени дека повредата воопшто не делува наивно.
Првичната дијагноза е кинење на лигаментите во зглобот, а деталните прегледи ќе дадат и поконкретна информација околу паузата на борбениот дефанзивец.
Conor Bradley left the Emirates Stadium on crutches last night. pic.twitter.com/hUr6BEXao8
— PurelyFootball ℗ (@PurelyFootball) January 9, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

