Милан ќе мора што поскоро да реагира и да доведе нов играч за врска окако Франк Кеси заработи незгодна повреда поради која ќе мора подолг период да отсуствува од терените.
Тој неодамна се врати на тренинг по настапот за Брегот на Слоновата Коска на ОИ во Токио, но веднаш се пожали на болка во мускулот. Точната дијагноза се уште не е позната, но лекарскиот тим веќе им соопштил на тренерите дека нема да сметаат извесен период на овој одличен играч за врска. Средниот ред станува сериозен проблем бидејќи „росонерите“ летово останаа без Чалханоглу без да донесат адекватна замена, па сега останаа само на Бенасер и Тонали како играчи за организација на играта.
Згора на тоа, Бенасер и Кеси во текот на зимата ќе отсуствуваат по дваесетина дена поради настапот на Купот на Африкански Нации, па јасно е дека „росонерите“ ќе мора да донесат еден до двајца нови играчи за овој дел од тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА