Кошмар за Милан: Маињан ќе паузира два месеци!

Милан претрпе голем удар на шампионските амбиции откако беше обелоденето дека голманот Мајк Маињан ќе мора да отсуствува најмалку два месеци по операцијата на повредениот зглоб на раката.

Првите прогнози на „росонерите“ велеа дека одличниот чувар на мрежата би можел да се врати за петнаесетина дена, но во меѓувреме стана јасно дека повредата е многу посериозна. Хируршкиот зафат минал без проблеми, но веднаш по него следеше објава дека Французинот ќе мора да мирува најмалку до средината на декември, можеби и до почетокот на 2022 година.

Се чини дека челниците на Милан беа свесни за проблемот, бидејќи уште во текот на вчерашниот ден почнаа преговори со Миранте, кој денеска ги мина лекарските прегледи и ќе потпише договор со „росонерите“.

Се вчитува...