Шансите на Норвешка во битката за златото на ЕП 2020 значително се намалија откако оваа скандинавска селекција остана без помошта на Магнус Ред до крајот на шампионатот. Десниот бек на Фленсбург заработи незгодна повреда на скочниот зглоб на самиот почеток од дуелот со Шведска, а денешните детални лекарски прегледи донесоа лоша вест за стручниот штаб – Ред ќе мора да паузира најмалку 20 дена, што значи дека неговиот настап на овој европски шампионат дефинитивно е завршен.
„Тешко е, сакав да дадам се од себе, да помогнам во полуфиналето и финалето, но немав среќа. Секогаш давам се од себе, многу ми е жал што сега нема да можам да помогнам кога ќе биде најважно“, изјави разочараниот Ред за норвешките медиуми.
Проблемот е уште поголем ако се знае дека првата опција на Норвешка на позицијата десен бек, Рене Тенесен, заработи тешка повреда играјќи за Веспрем против Вардар. Покрај тоа, Норвежаните на овој шампионат не можат да сметаат ниту на капитенот Мирхол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА