Кошмар за Норвешка: Крај на ЕП за Магнус Ред

Норвешка неочекувано одигра само нерешено против Фарски Острови, но уште поголем проблем за скандинавската репрезентација претставува повредата на Магнус Ред.

Леворакиот „бомбардер“ се повреди токму на вчерашниот натпревар, а деталните прегледи покажаа сериозен проблем за норвешкиот национален состав.

„Магнетната резонанца покажа фрактура на метатарсална коска. Ова значи дека Ред нема да може да ни помогне до крајот на првенството, тој ќе мора да паузира најмалку три месеци, што е огромно разочарување за сите“, објави докторот на норвешката репрезентација.

Норвешкиот селектор Јонас Виле реши дополнително да го повика Кент Робин Тенесен, кој би може да настапи веќе утре, на клучниот меч со Словенија за првото место во групата.

Се вчитува...