Њукасл се соочува со нов огромен проблем откако клучниот дефанзивец Свен Ботман заработи тешка повреда на коленото и го очекува пауза од околу девет месеци од фудбалските терени.
Холандскиот репрезентативец дефинитивно нема среќа со повредите, ги пропушти првите три месеци од сезоната, но тогаш во договор со лекарскиот тим на Њукасл реши да не ги оперира оштетените лигаменти во коленото, решавајќи се за поинаква рехабилитација. Тоа се покажа како погрешен избор, откако Ботман на последниот меч од ФА Купот со Манчестер Сити повторно го повреди истото колено, кинејќи ги вкрстените лигаменти.
„Тешко е да се соочам со оваа ситуација, се обидовме да се вратам поскоро без операција, а сега се случи ова. Многу ми значи поддршката што ја добивам во овие тешки моменти. Подолго време нема да можам да го правам она што најмногу го сакам, но убеден сум дека ќе излезам од сето ова посилен, кога ќе се вратам ќе бидам уште подобар играч“, изјави Ботман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА