Кошмар за Олимпијакос: Милутинов ќе паузира еден месец од терените

Олимпијакос претрпе пораз на вечното дерби со Панатинаикос, но уште поголем проблем за тренерот Барцокас претставува повредата на Никола Милутинов, откако српскиот центар настрада газејќи на ногата на друг кошаркар, повредувајќи го скочниот зглоб и со помош на медицинските лица упатувајќи се кон соблекувалната.

Деталните прегледи покажале сериозно истегнување на лигаментите и додека е добро што не станува збор за нивно кинење, Србинот сепак ќе мора да мине извесен период надвор од терените. Лекарскиот тим на Олимпијакос соопштил дека паузата ќе изнесува најмалку еден месец, што уште повеќе ја компликува сезоната за тимот од Атина.

Имено, Барцокас веќе не може да смета на Мустафа Фал кој уште најмалку две седмици нема да му биде на располагање, а сега кога го нема ниту Милутинов тимот на Олимпијакос остнаува без класичен центар во тимот.

Проблем плус е што во следното коло Олимпијакос му гостува на европскиот првак Реал Мадрид, меч на кој минутажата како центри ќе ја делат Петрушев и Сикма, иако и двајцата не се класични „петки“ според тактичките замисли на Олимпијакос и досега настапуваа како крилни центри.

Се вчитува...