Маурицио Покетино не може да крене глава од проблеми околу составот на Челси од самиот старт на сезоната, а аргентинскиот стручњак се соочи со нови главоболки пред викенд-дуелот со Шефилд јунајтед на кој „сините“ се надеваат дека конечно ќе ја прекинат серијата слаби резултати.
Капитенот Рис Џејмс се повреди неодамна и ќе паузира околу три месеци од терените, а во „болницата“ во лондонскиот клуб има двајца нови пациенти. Голманот Роберт Санчез се мачи со повреда на коленото и ќе мора да замине на специјалистички прегледи по што го очекува извесен период надвор од терените, а „во аут“ за Шефилд Јунајтед е и левиот бек Кукурелја, кој има повреда на скочниот зглоб.
Само за потсетување, Покетино пред овие три најнови повреди веќе извесен период не може да смета ниту на Шалоба, Чилвел, Чуквуенека, Фофана, Угочукву, Мадуеле и на Ромео Лавија, кој не одигра ниту еден меч за Челси откако повреден пристигна од Саутемптон за сума од 60 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА