Кошмар за ПСЖ: Кварацхелија е повреден, во трка со времето за финалето на ЛШ

ПСЖ лесно и убедливо славеше над Ремс во финалето од Купот на Франција, но изненадувачки во таборот на „светците“ не се појави Квича Кварацхелија.

Грузискиот ас не само што не беше стартер, туку воопшто го немаше ниту на клупата за резерви, што беше големо изненадување за француската фудбалска јавност.

Набрзо потоа дојде и објаснување – Квича е повреден и работи напорно за да може да се рехабилитира навреме и да настапи во големото финале од Лигата на Шампионите што „светците“ следниот викенд ќе го играат против Интер.

Не е наведено конкретно за каква повреда станува збор, па прашање е дали ПСЖ крие дека проблемот е сериозен, па Кварацхелија воопшто нема да може да игра во големото финале од ЛШ.

Шанса во стартниот тим на ПСЖ наместо Грузиецот синоќа доби Баркола, кој постигна два гола и беше најзаслужен за победата во финалето од Купот на Франција.

Се вчитува...