Кошмар за ПСЖ – се повреди Кварацхелија

Европскиот првак ПСЖ втора година по ред ќе мора да игра во 1/16 финалето од Лигата на Шампионите. „Светците“ беа во добра позиција, им беше потребна победа на домашен терен над Њукасл за сигурно да се најдат во Топ 8, одлично почнаа, најпрвин имаа промашен пенал, а потоа и брзо водство, но на крајот сепак одиграа само 1-1 со гостинот од англиската Премиер-лига.

Тимот на Луис Енрике повторно ќе стартува од првата нокаут фаза, а неизвесно е дали на тие средби тренерот на ПСЖ ќе го има на располагање Квича Кварацхелија. Грузиецот, кој е најдобар фудбалер на ПСЖ сезонава заедно со Витиња, настрада по еден старт на Еланга, веднаш стана очигледно дека проблемот е сериозен и веднаш мораше да го напушти теренот.

„Светците“ со нетрпение ќе ги очекуваат резултатите од деталните прегледи врз големиот ас, со надеж дека повредата не е премногу сериозна и дека Кварацхелија ќе може да се врати на теренот за преттојните предизвици во ЛШ.

ПСЖ како 11. екипа во првата фаза во ЛШ за противник во 1/16 финалето ќе го има Монако или Карабах. Потоа, „светците“ во случај на победа во осминафиналето ќе се сретнат со Барселона или со Челси.

Се вчитува...