Кошмар за ПСЖ: Уште една „ѕвезда“ отпадна за дербито во Марсеј

ПСЖ вечерва гостува на „Велодром“ во големото дерби на фрацускиот фудбал против Олимпик Марсеј, а тренерот Луис Енрике се соочува со огромни проблеми во пресрет на овој дуел.

Дембеле и Дуе се повредени уште од репрезентативната пауза, а пред мечот од ЛШ против Аталанта незгодна повреда заработи Рубен Невеш, па португалскиот плејмејкер нема да може да настапи во Марсеј.

За проблемите на Луис Енрике да бидат уште поголеми, тој нема да може да смета ниту на Бредли Баркола, откако францускиот репрезентативец заработи повреда на мускулот на еден од последните тренинзи на „светците“. Повредата не делува премногу сериозно, но ризикот е преголем и затоа Баркола воопшто нема да патува со тимот за Марсеј.

ПСЖ има максимални 12 бода по првите четири рунди од француското првенство, додека Марсеј има скор од две победи и два пораза.

Се вчитува...