Кошмар за Реал: Белингем „во аут“ најмалку до април

Алваро Арбелоа се соочува со огромен проблем откако беше обелоденето дека повредата на Џуд Белингем е од посериозен карактер, па англискиот ас нема да може да се врати на терените уште околу два месеци.

Белингем се повреди во првото полувреме од мечот со Рајо Валјекано, веднаш стана јасно дека повредата не е наивна, но првите лекарски прогнози беа дека екс-фудбалерот на Борусија Дортмунд ќе паузира околу еден месец. Сепак, првите седмици од рехабилитацијата течат премногу бавно, стана очигледно дека проблемот е далеку посериозен, па последните информации говорат дека Белингем нема да може да се врати на терените најмалку до почетокот на месец април.

Тој секако ќе го пропуштеше двомечот од 1/16 финалето во ЛШ против Бенфика, но со најновиот развој на настаните Англичанецот сега е во „аут“ и за осминафиналните пресметки (ако Реал ги мине Португалците) закажани за месец март.

Се вчитува...